Home

Показатели

Ова е практична алатка за поддршка на службени лица кои се вклучени во постапката за азил и прифат и со неа не се предвидува стручно знаење од подрачјето на медицината, психологијата или други предмети надвор од постапката за добивање на азил.

Показателите треба да се означат врз основа на мислењето на корисниците. Означувањето на показателите се поврзува со потенцијално релевантните категории лица со посебни потреби. Корисникот понатаму треба да одлучи која од наведените категории може да биде релевантна.

Посебни потреби

Оваа алатка вклучува 14 категории на подносители кои можат да имаат посебни процедурални и/или потреби за прифат, како одраз на правото на ЕУ во подрачјето за азил и практиката на државите на ЕУ +. Списокот не е исцрпен и идентификацијата секогаш треба да биде индивидуален процес.

За секоја категорија, алатката вклучува информации кои се важни за идентификација, како и прилагодени мерки за поддршка.

Поддршка

Алатката опфаќа четири процедурални фази: прв контакт - изработка на барање, поднесување на барањето, лично сослушување, крај на првостепената постапка за азил, како и поддршка при прифатот.

Тие фази имаат кратки општи насоки за мерките на поддршка кои се потенцијално битни за секоја категорија. Во случај посебните потреби на подносителот да припаѓаат во повеќе категории, мерките на поддршка се прилагодени за да го одразат тоа.